• понеделник, 20 мај 2024

Службите на Азербејџан го уапсија поранешниот лидер на Нагорно-Карабах, Харутјуњан

Службите на Азербејџан го уапсија поранешниот лидер на Нагорно-Карабах, Харутјуњан

Баку, 3 октомври 2023 (МИА) – Оперативците на Службата за државна безбедност на Азербејџан го уапсија Араик Харутјуњан, поранешен лидер на регионот Нагорно-Карабах, јавија азербејџанските медиуми.

Тој моментално е во транзит кон Баку.

Претходно денеска државната агенција на Азербејџан објави дека азербејџанските безбедносни сили уапсиле двајца поранешни водачи на Нагорно-Карабах, Аркадиј Гукасјан и Бак Сакјан, како и Давит Ишкањан. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан