• петок, 05 декември 2025

Слот: Клоп ми кажа дека веќе сум дел од историјата на Ливерпул

Слот: Клоп ми кажа дека веќе сум дел од историјата на Ливерпул

Ливерпул, 4 мај 2025 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека Јирген Клоп му честитал за освојувањето на титулата во Премиер лигата.

-Најпознатата личност што ми пратила порака? Мислам дека беше Јирген Клоп. Што рече? Честитки, рече дека сега знам дека овој клуб е посебен и дека сум дел од неговата историја. Беше многу среќен за навивачите и за клубот, изјави Слот, цитиран од „ЕСПН“.

Холанѓанецот ја презеде функцијата менаџер на Ливерпул на 20 мај 2024 година, заменувајќи го Клоп, кој беше на чело од 2015 година. Под водство на Германецот, Ливерпул ја освои Премиер лигата во сезоната 2019/20. дс

Фото: Архива

Остани поврзан