• среда, 25 декември 2024

Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа

Слоганот „Црните животи се важни“ испишан на улица кон Белата куќа
Вашингтон, 6 јуни 2020 (МИА) - Дел од 16-та улица која води кон Белата куќа во Вашингтон, по налог на градоначалничката Мјуриел Баузер, го доби името „Плоштад Црните животи се важни“. Градоначалничката исто така нареди слоганот да биде напишан со големи жолти букви на улицата во знак на протест против ставот на претседателот Доналд Трамп кон протестите за убиството на Џорџ Флојд кој беше убиен за време на апсење. Градоначалничката на главниот град на САД на својот профил на Твитер објави фотографија и видео од преименуваната улица. Таа исто така побара од претседателот на САД да ја повлече федералната армија од улиците на главниот град, каде што беше испратена да и помогне на полицијата за време на судири со демонстрантите во претходните денови. јт/

Остани поврзан