• вторник, 24 декември 2024

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи

Љубљана, 5 јуни 2024 (МИА) - Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА.

На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан. зш/
фото СТА

Остани поврзан