Словенечкиот амбасадор Предан во посета на Собранието
- Словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан денеска ќе го посети Собранието.

Скопје, 2 февруари 2023 (МИА) - Словенечкиот амбасадор во земјава, Милан Предан денеска ќе го посети Собранието.
Како што е објавено на веб-страницата на Собранието, амбасадорот ќе оствари проштална средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Предан како амбасадор на Република Словенија во нашата земја дојде во 2020 година.фф/мд/