• вторник, 14 јануари 2025

Словачкиот премиер Фицо го покани Зеленски на преговори за транзитот на гас преку украинска територија

Словачкиот премиер Фицо го покани Зеленски на преговори за транзитот на гас преку украинска територија

Братислава, 13 јануари 2025 (МИА) - Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска упати покана до украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори за прашања поврзани со транзитот на гас.

„Таков состанок ќе создаде добра основа за отворени дискусии за испорака на гас за Словачка и други земји преку украинска територија“, рече Фицо во отвореното писмо до Зеленски.

Двете земји се вклучени во жесток спор кој започна откако Украина на 1 јануари го суспендираше транзитот на руски гас низ нејзина територија поради истекот на релевантниот договор меѓу Киев и Москва. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан