• петок, 27 декември 2024

Словачка ја информира Украина за подготвеност да помогне во решавањето на конфликтот

Словачка ја информира Украина за подготвеност да помогне во решавањето на конфликтот

Братислава, 27 декември 2024 (МИА) -  Словачка ја информираше Украина за подготвеноста да помогне во решавањето на конфликтот преку обезбедување платформа за преговори, изјави словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар.

Тој на платформата Х објави дека словачката дипломатија е подготвена на тој начин активно да придонесе во мировниот процес.

Бланар изјави дека Братислава за оваа можност ги информирала своите украински партнери на заедничката средба на владите на двете земји на почетокот на октомври годинава во Ужхород, Украина. зш/

Остани поврзан