• вторник, 14 мај 2024

„Слика во Фокус“ - самостојна изложба на Хајруш Фазлиу во Чифте амам

„Слика во Фокус“ -  самостојна изложба на Хајруш Фазлиу во Чифте амам

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - „Слика во Фокус“ е насловот на самостојна изложба на косовскиот ликовен уметник Хајруш Фазлиу која ќе биде отворена вечер во галерискиот прсор на Чифте амам во Скопје.

Како што соопштуваат од Националната галерија на Северна Македонија, Хајруш Фазлиу, со децении останува неприкосновен на уметничката сцена во Косово, но и пошироко на албанската уметничка сцена. Докажан творец, вреден универзитетски професор и методолог, тој е одликуван и со низа награди и признанија за неговите уметнички и професионални достигнувања меѓу кои и меѓународното признание „Амбасадор на мирот“ што неодамна му беше доделено во Рим, Италија.

-Хајруш Фазлиу во неговите творби го комбинира традиционалниот експресионизам (кој од време на време добива и неофигурални облици) со ирационалната фантазија на надреализмот, но зачувувајќи ја засекогаш асоцијативната алузивна, апстрактна врска на формален и стилски поглед, се наведува за изложбата на Фазлиу. вг/дма/

Остани поврзан