• четврток, 12 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Следните денови променливо облачно и нестабилно време

Следните денови променливо облачно и нестабилно време

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.

Каско што најавуваат од УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје, до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Од УХМР препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. сст/цр/

Фото МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан