Славчо Мисајлески избран за нов претседател на Советот на Општина Ѓорче Петров
- СООПШТЕНИЕ - На денешната 55та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, за нов претседател на Советот беше избран Славчо Мисајлески – советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот го реализира својот втор мандат во локалниот советнички состав.
20 мај 2025
На денешната 55та седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, за нов претседател на Советот беше избран Славчо Мисајлески – советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во моментот го реализира својот втор мандат во локалниот советнички состав.
Мисајлески е познат по својата досегашна посветеност и активна улога во советничката работа, а со новата функција ќе го преземе раководењето со највисокиот општински орган на одлучување.
По повод изборот, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна:
„Верувам дека Славчо Мисајлески ќе го вложи целиот свој капацитет, искуство и енергија во интерес на граѓаните и во насока на уште поефикасна и одговорна работа на Советот. Му го честитам изборот и му посакувам успешна и конструктивна работа.“
Покрај изборот на нов претседател, Советот доби и нов член – Бранкица Дукоски од урбаната заедница Хром, исто така од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа на денешната седница положи заклетва и официјално го започна својот мандат како дел од советничкиот тим.
Градоначалникот Стојкоски искажа поддршка и за нејзиниот избор:
„Со вклучувањето на Бранкица Дукоски, жителите на Хром добиваат автентичен и посветен претставник кој доследно ќе ги застапува нивните интереси. Ѝ посакувам успешна и продуктивна работа во Советот.“
Новото раководство на Советот веќе стапува на функција, а следната работна седница се очекува наскоро, со засилено темпо за реализација на локалните политики и проекти.
Општина Ѓорче Петров
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки