• петок, 22 ноември 2024

Славески: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството

Славески: Рамниот данок ја зголемува финансиската дисциплина и е одобрен од стопанството

Скопје, 13 октомври 2022

Ме радува констатацијата дека со воведување на рамникот данок кој што има жестоки критичари се зголемила финансиската дисциплина. Не е случајно што таа реформа е како мачка со девет животи, сакаат да го уништат ама некако никако не успеваат, вели Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ВИН ВИН на телевизија Телма.

Од она кое што јас го имам како сознание, бев со група економисти во Министерството за финансии на таа отворена дебата, воведувањето на прогресивно оданочување е само една од десетина други мерки со кои што се предвидува да се зголеми даночната наплата за околу 54 милиони евра, истакна Славески.

Славески потенцираше дека кога владата на ВМРО-ДПМНЕ го воеди рамниот наместо прогресивниот данок, имале поддршка и од стопанството, посочувајќи дека голем број на експерти укажуваат на негативни ефекти од евентуалнот зголемување на даноците кое што го најавува власта.

Кога ја воведовме таа реформа со рамен данок имаше поддршка од бизнисот, коморите отворено застанаа, а сега како што гледате коморите се против. Има и многу експертски укажувања кои укажуваат на низа негативни ефекти кои што би настанале не само со евентуалното зголемување на даноците, преку воведување на даночната прогресија , туку и другите мерки, на пример укинување на ослободувањето за реинвестирана добивка, рече тој.

Славески објасни дека укинување на мерката за реивестирање на профитот негативно ќе влијае врз економијата, бидејќи тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја вовела оваа стимулативна мерка за да може компаниите профистот да го инвестираат наместо парите да ги изнесуваат надвор од државата.

Кога сме кај реинвестираната добивка, мислам дека беа изнесени толку аргументи, и допреа до ушите на креаторите на економските политиките во случајот предлагачот Министерството за финансии да се отстапи од таа мерка, затоа што внимавајте во 2008 година откако претходно беше воведена оваа стимулативна мерка да се реинвестира профистот, да не се изнесува надвор од државата, а инаку секоја реинвестира добивка додава, а и по методологијата тоа се и странски директни инвестиции. не само то, туку по оној ладен туш кој што го доживеавме да не станеме земја членка на НАТО, на тогашната блокада, ние барајќи дополнителни начини за стимулаци го применивме естонскиот модел односно нераспределената добивка беше ослободена, изјави тој.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан