Слаб земјотрес регистриран во Сирија и Јордан
- Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Сирија и Јордан, а бил почувствуван и во Либан
Бејрут, 13 август 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во Сирија и Јордан, а бил почувствуван и во Либан.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на сирискиот град Хама на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива