• понеделник, 25 ноември 2024

Скупи Фестивал од 5 до 10 октомври

Скупи Фестивал од 5 до 10 октомври

Скопје, 29 септември 2023 ( МИА) - Во просториите на Албанскиот театар во Скопје, на 5 -ти октомври започнува 17- тото издание на „Скупи Фестивал“  кој годинава ќе се одржи под мотото „Блесок во театарот“. Фестивалот завршува на 10 октомври.

Фестивалот, како што соопштија организаторите, ќе бидат одиграни претстави  од:  Косово, Турција, Франција, Босна и Херцеговина, Бугарија, како и перформансот што ќе се сработи преку работилница на тема Бура И продор, со режисерката Теа Беговска, во рамките на фестивалот. Годинава, исто така, публиката ќе има можност да погледне изложба на плакати од сите 17 изданија на МТФ Скупи Фестивал, која ќе биде отворена на првиот фестивалски ден. Сите претстави започнуваат од 20:00 часот.

Програмата започнува со ансаблот на театарот „Ода“ од Приштина, со претставата “Арбри”, чиј автор и режисер е Лирак Челај. Сценографијата е на Бурим Арифи, а во претставата играат актерите: Шкумбин Истрефи, Ќендреса Јашари, Лабинот Раци, Даниела Марку, Бленд Садику. Потоа следи преставата “Под замокот”, истражување на физичкиот театар со мотиви од Вилијам Шекспир, во адаптација на Пинар Акузу и Ѓулден Арсал Јавуз, во режија на Гурај Динкол, музика на Угур Ачикгоз и Атаберк Оге и актерите Пинар Акузу, Ѓулден Арсал Јавуз.

Во сабота, гостува  театарската компанија Theater La Belle Meunière од Франција со преставата “Скршено на парчиња” чии сценаристи-режисери и актери се: Маргерит Бордат, Рафаел Котин и Пјер Меуниер, а в недела е изведба на перформансот од работилницата “Бура и Продор” на режисерката Теа Беговска, со младите актерите Илин Јовановски, Миа Кантарџиева Петровска, Дин Ибрахим, Бојан Лазаров, Тодор Стојковски, Дениз Рустеми.

Во Понеделник е во изведба , “Трамвајот наречен желба”, од авторот Тенеси Вилијамс, колективна режија и интерпретација на Дина Мушановиќ, Албан Укај, Игор Скварица, Матеа Маврак и Ноа Југ.. а во вторник, на последната фестивалска вечер ќе се одигра претставата “Орфеј” на Народен театар Иван Вазов, Софија, чиј драматург е Матич Старина, во  режија на Јернеј Лоренци. Улогиги толкуваат: Александра Василева, Гергана Змичарова, Билјана Петринска, Радена Дана Валканова, Евјана Валканова, Винченцо/Надја Керанова, Јорета Николова, Владимир Пенев, Валентин Ганев, Дејан Донков, Стелијан Радев, Ненчо Костов, Дарин Ангелов, Димитар Николов.

МТФ Скупифестивал годинава е поддржан од Министерството за Култура, Бугарскиот Културен Центар Скопје, Францускиот Институт, Македонскиот Телеком, Премиум Резиденц, Весникот Коха и Албанскиот театар - Скопје. љм/аа/

Фото: Скупи Фестивал

Остани поврзан