СКСЗМ ќе одржи работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ
- Претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе одржат работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Претставници на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ) денеска ќе одржат работна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што информираат од СКСЗМ, денешната средба е дел од состаноците кои традиционално ги одржуваат пред изборите.
По настанот, како што најавуваат, предвидено е да дадат изјава за медиумите Менди Ќура, претседател на СКСЗМ и Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фф/аа/
Фото: МИА Архива