• петок, 05 декември 2025

Скоро 17 отсто излезеност во Струга до 13 часот 

Скоро 17 отсто излезеност во Струга до 13 часот 

Струга, 2 ноември 2025 (МИА) - Во Струга и Струшко до 13 часот излезеноста е 16,77 отсто, информира за МИА претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.

Изборниот процес, во вториот круг од локалните избори, според него, тече мирно и без нерегулатности.

Во избирачкиот список во Струга, според Државната изборна комисија, евидентирани се 62.711 гласачи, кои своето гласачко право го остваруваат на 101 избирачко место. сс/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан