Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
- Скопјанка во текот на вчерашниот ден пријавила дека била измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Скопје, 24 мај 2025 (МИА) - Скопјанка во текот на вчерашниот ден пријавила дека била измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајна несреќа, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснија, во 18:30 часот во Полициската станица - Бит Пазар, 83-годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице кое и се јавило на телефон претставувајќи се како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука прегазила дете - мигрант, кое починало.
- Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена, истакнаа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. бд/бак/
Фото: МИА архива