Сведочење во предметот „Пулс“: Александар Карадаковски станал управител „за да не пропадне лиценцата“
- - На 10 јули 2024 година ми се јави пријател, тогаш возеше такси, и ми рече дека Александар го повикал во пет часот наутро да го однесе до болница бидејќи не може сам. Тогаш пријателот ме праша, знам дека Александар работи подолго време таму, зарем нема здравствено, зошто сè си плаќа сам. Тогаш го прашав Александар, ми рече нема покриено здравство. Јас му реков, тогаш пријави се во Бирото за вработување, барем ќе имаш здравствено, и тогаш тој ми кажа дека не може зашто е управител - рече сведокот. Сведокот рече дека се изненадил и почнал да го прашува зошто си управител, на што Александар му рекол дека Деко го замолил зашто „немал кого да постави, а за да не му пропадне лиценцата“, па него го пријавил.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.