• понеделник, 23 декември 2024

Скопјанец приведен во Тетово поради најдени фалсификувани пари

Скопјанец приведен во Тетово поради најдени фалсификувани пари
Тетово, 26 август 2022 (МИА) - Тетовската полиција информира дека е приведен човек од Скопје кај кого биле најдени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра. Полицијата го приведе 39-годишниот жител на Скопје вчера околу 15 часот и 20 минути на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово. -Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 15:20 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот О.И. од Скопје поради сомнение за „фалсификување пари“, кривично дело казниво по член 268 од Кривичниот законик. При лишувањето кај него се пронајдени и одземени 29 фалсификувани банкноти од по 100 евра. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Инаку, О.И. се сомничи, исто така, дека фалсификувани банкноти пуштил во оптек и на поширокото кичевско подрачје. ас/ки/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан