• понеделник, 23 декември 2024

Скопјанец повреден од заталкан куршум додека возел велосипед

Скопјанец повреден од заталкан куршум додека возел велосипед

Скопје, 18 јуни 2024 (МИА) – На Комплекс клиники „Мајка Тереза“ вчера со повреда од заталкано зрно од огнено оружје бил донесен триесет и пет годишен жител на Скопје, кој додека управувал велосипед на подрачјето на Чаир, почувствувал болка во грбот, по што бил пренесен во медицинската установа.

Случајот, како што информираат од МВР, бил пријавен вчера во 19.45 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. аа/вј/

Фото: МИА архива  

Остани поврзан