• сабота, 20 декември 2025

Скопските пожарникари го одбележаа 20 Мај

Скопските пожарникари го одбележаа 20 Мај

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Во просториите на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје денеска беше одбележан 20 Мај - Денот на пожарникарите. 

- Скопските пожарникари несебично вршејќи ја својата професија во заштита на безбедноста на граѓаните и јавните добра секогаш се подготвени брзо да дејствуваат, изложувајќи се на опасни и тешки задачи во кои животите на другите ги ставаат пред својот. Знаењето, работата, стекнатото искуство и континуираното докажување во справување со предизвиците со кои се соочуваат членовите на нашата бригада секојдневно, ги прави врвни професионалци со кои целиот град се гордее, истакна командантот на ТППЕ на Град Скопје, Звонко Томески.

На градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и е врачена благодарница за сите нејзини напори за унапредување и модернизација на условите на Бригадата и за подобрување на екипираноста и обезбедување на обуки за пожарникарите.

На 5 јуни ќе биде одржана свечена академија на која ќе биде промовирана новата генерација пожарникари и ќе бидат презентирани иновативните средства со кои ќе се делува на терен. бак/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан