• недела, 22 декември 2024

Скок на невработеноста кај младите во Франција, покажува статистиката

Скок на невработеноста кај младите во Франција, покажува статистиката

Париз, 13 ноември 2024 (МИА) - Стапката на невработеност во Франција порасна во третиот квартал од годината на 7,4 отсто од 7,3 отсто во претходниот квартал. Ова го посочуваат најновите податоци на Националниот статистички институт (Insee), објавени денеска и цитирани од ДПА.

Бројот на невработени во Франција се зголеми за 35.000 лица во вториот квартал од годината и достигна 2,3 милиони луѓе.

Невработеноста кај француските 15-24-годишници скокна на највисоко ниво од 2021 година. Тој достигна 19,7 отсто наспроти 17,9 отсто во вториот квартал од 2024 година, покажува и статистиката.

Нивото на невработеност во третиот квартал се совпаѓа со прогнозите на економистите. Тоа беше малку повисоко од неговото историски најниско ниво забележано во 1982 година. мс/

фото: Unsplash

Остани поврзан