Скај њуз: Трамп би можел во следните недели да ја посети Шкотска
- -Во тек е планирање за потенцијална посета на претседателот на САД на Шкотска подоцна овој месец, изјави Ема Бонд, помошничка началничка на полицијата во Шкотска.
Вашингтон, 9 јули 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ја посети Шкотска во наредните недели, објави денес Скај њуз, повикувајќи се на неименувани извори.
Шкотската полиција денеска објави дека се подготвува за можна посета на американскиот претседател.
-Во тек е планирање за потенцијална посета на претседателот на САД на Шкотска подоцна овој месец, изјави Ема Бонд, помошничка началничка на полицијата во Шкотска.
„Иако сè уште нема официјална потврда, важно е однапред да се подготвиме за значајна полициска операција“, рече таа.
Трамп треба да оствари и државна посета на Обединетото Кралство оваа година, веројатно во септември, иако точниот датум сè уште не е објавен.
Датумот на посетата на Шкотска сè уште не е познат.
Тој поседува два терени за голф во Шкотска, еден на североисточниот брег, а другиот јужно од Глазгов на западниот брег.
Трамп во 2018 година посети терени за голф во Шкотска, а потоа имаше протести на тие локации и во некои од најголемите градови во земјата.
Шкотската полиција објави дека тридневната посета на Трамп на земјата во јули 2018 година чинела повеќе од три милиони фунти (3,48 милиони евра).сд/
фото:МИА архива