• четврток, 26 март 2026

Си Џинпинг нареди сеопфатно спроведување на спасувачките операции по поплавите во покраината Гансу

Си Џинпинг нареди сеопфатно спроведување на спасувачките операции по поплавите во покраината Гансу

Пекинг, 8 август 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди „сеопфатно“ спроведување на спасувачките операции откако 10 лица го загубија животот во поплави во покраината Гансу.

Триесет и три лица се водат како исчезнати во поплавите, објави кинеската државна телевизија.

Како што претходно беше објавено, во јужна Кина, реките се излеаја од своите корита, а стотици летови се откажани или одложени во Гуангџу, каде поплавените улици дополнително го влошуваат ширењето на вирусот чикунгуња. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан