• петок, 22 ноември 2024

Си му честиташе на новиот претседател на Иран

Си му честиташе на новиот претседател на Иран

Пекинг, 6 јули 2024 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска му честиташе на Масуд Пезешкијан за неговата победа во вториот круг од претседателските избори во Иран, објавија државните медиуми.

-Му придавам големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Иран и подготвен сум да работам со претседателот на промовирањето на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Иран, рече Си, пренесен од Ксинхуа.

Си додаде дека Кина и Иран имаат долга историја на пријателски врски и билатерални односи кои траат повеќе од половина век.

Во контекст на сложената регионална и меѓународна ситуација, Си посочи дека Кина и Иран секогаш меѓусебно се поддржувале.

Кина е близок партнер на Иран, негов најголем трговски партнер и главен купувач на неговата нафта под санкции.

Пезешкијан ќе го наследи Ебрахим Раиси, кој во мај загина во хеликоптерска несреќа на северозападот на Иран. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан