• четврток, 31 октомври 2024

Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина

Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина

Пекинг, 16 мај 2024 (МИА) - Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави денеска дека тој и рускиот колега Владимир Путин се согласиле за потребата од „политичко решение“ за војната во Украина, по разговорите меѓу двајцата претседатели во Пекинг.

„Двете страни се согласуваат дека политичкото решение за украинската криза е правилна насока“, изјави Си за медиумите заедно со Путин на заедничката прес-конференција што ја емитуваше Руската телевизија.зш/

Остани поврзан