Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско
- Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.

Пекинг, 13 ноември 2023 (МИА) - Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.
„Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг.
Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“. паг/
Фото: МИА архива