• понеделник, 23 декември 2024

Сиљановска Давкова: Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Сиљановска Давкова:  Државноста е тешко стекната, не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот  е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици, истакнува Сиљановска Давкова во честитката.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, како што вели претседателката, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви.

-Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери, посочува претседателката Сиљановска Давкова. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан