Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“ што ќе се одржи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“ што ќе се одржи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Настанот е во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а по повод 11 февруари - Меѓународен ден на девојките и жените во науката. цр/лв/
Фото: МИА архива