• четврток, 21 ноември 2024

Сијарто: Додека оваа Влада е во Унгарија, нема да бидат воведени санкции за Додик

Сијарто: Додека оваа Влада е во Унгарија, нема да бидат воведени санкции за Додик

Будимпешта, 22 март 2023 (МИА) -  Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, во Требиње изјави дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик, нема да биде на ниту една листа на санкции додека во Унгарија е актуелната влада.

- Оние кои сакаат да се воведат санкции во регионот на Западен Балкан се обидуваат да сокријат колку им е непознат овој регион. Тие луѓе се неспособни да ја почитуваат волјата на луѓето што живеат на Балканот, изјави Сијарто по средбата со Додик.

Според Сијарто, политичките лидери на Балканот „не добиле награда на лото па да бидат претседатели, туку беа избрани на избори“ и подвлече дека оние кои сакаат да воведат санкции против Додик не сакаат да ја почитуваат волјата на граѓаните на РС.

Во Сараево, Сијарто разговараше со високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, за состојбата во таа земја и нејзиниот пат кон евроатлантските интеграции.

Доделувањето кандидатски статус на БиХ е уште еден доказ за посветеноста на ЕУ кон БиХ и очекувам домашните актери да одговорат на предизвикот и да ја искористат можноста што им се дава за да го забрзаат напредокот на БиХ на овој пат за доброто на граѓаните, рече Шмит по состанокот. 

Тој подвлече дека меѓународната заедница очекува „упорност, посветеност и интензивни напори“ од политичките лидери во Босна и Херцеговина на овој пат.

Шмит истакна дека меѓународната заедница со големо внимание ќе се справи со предизвиците кои претставуваат закана за мирот и стабилноста на БиХ и со реформите постигнати досега, објави ОХР.

Шмит и се заблагодари на Унгарија за континуираната поддршка на Босна и Херцеговина, работата на ОХР и мандатот на високиот претставник во согласност со Дејтон, се вели во соопштението од Канцеларијата на Шмит. ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан