• петок, 05 декември 2025

Сијарто: Глобалната ситуација може да се подобри само ако земјите се вратат на дипломатијата и дијалогот

Сијарто: Глобалната ситуација може да се подобри само ако земјите се вратат на дипломатијата и дијалогот

Будимпешта, 28 октомври 2025 (МИА) – Патот до безбеден и успешен дијалог води низ Евроазија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Пред да отпатува во посета на главниот град на Белорусија, Минск, Сијарто нагласи дека само дијалогот Исток – Запад може да ја подобри актуелната критична ситуација со безбедноста во светот.

- Глобалната безбедност е во критична состојба, сигурно најлошата од крајот на Студената војна, но можеби дури и од крајот на Втората светска војна, истакна министерот за надворешни работи на Унгарија.

Според него, ситуацијата може да се подобри само ако земјите се вратат на дипломатијата и дијалогот.

- Ако не сме во состојба да го направиме тоа, ќе имаме вистински проблеми, додаде тој.

Според него, дијалогот со Евроазија е многу важен столб.

- Мораме да го најдеме патот до сигурна и силна Европа, а враќањето на тој пат води преку дијалог со Евроазија, заклучи Сијарто. јт/

Фото: Сијарто на Фејсбук

Остани поврзан