• недела, 05 мај 2024

Сити го позајми Калвин Филипс на Вест Хем

Сити го позајми Калвин Филипс на Вест Хем

Лондон, 23 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на актуелниот англиски шампион Манчестер сити, Калвин Филип, ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен играч во редовите на Вест Хем, јавија вечерва англиските медиуми.

Според истите извори, двете страни постигнале договор и Филипс официјално ќе биде промовиран утре откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи.

Вест Хем ќе има можност на крајот на сезоната да го откупи договорот на Филипс со Манчестер сити.

Филипс дојде во Сити во летото 2022 година од Лидс, но не успеа да избори место во првиот тим на Пеп Гвардиола. ег/

ФОТО: Икс

Остани поврзан