Сиси: Актуелните израелски постапки ги отежнуваат шансите за мировни договори на Блискиот Исток
- -Тоа што се случува во моментов ја отежнува иднината на мирот, ја загрозува вашата безбедност и безбедноста на народите во регионот, додава пречки на шансите за какви било нови мировни договори, па дури и ги откажува постојните, рече Ел-Сиси во обраќањето на Арапско-исламскиот самит во Доха,а кое беше насочено кон Израел,пренесуваат британските медиуми.
Доха, 15 септември 2025 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси денеска изјави дека актуелните постапки на Израел ги отежнуваат сите шанси за нови мировни договори на Блискиот Исток.
-Тоа што се случува во моментов ја отежнува иднината на мирот, ја загрозува вашата безбедност и безбедноста на народите во регионот, додава пречки на шансите за какви било нови мировни договори, па дури и ги откажува постојните, рече Ел-Сиси во обраќањето на Арапско-исламскиот самит во Доха,а кое беше насочено кон Израел,пренесуваат британските медиуми.
На Арапско-исламскиот самит во Доха се дискутира за израелскиот воздушен напад врз раководството на Хамас во Доха од минатиот понеделник. Во нападот загинаа пет членови на Хамас и еден офицер за безбедност на Катар, предизвикувајќи широка меѓународна осуда.сд/
фото:ЕПА