• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сирски: Руските војници подготвуваат упад во украинскиот Сумски регион

Сирски: Руските војници подготвуваат упад во украинскиот Сумски регион

Киев, 27 март 2025 (МИА) - Руските сили ги засилуваат нападите долж североисточната граница на Украина во обид да навлезат во украинскиот регион Суми, изјави денеска врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Тој на својот Фејсбук профил објави дека ги посетил украинските војници во регионот Суми, објави Укринформ.

Регионот Суми се граничи со рускиот регион Курск, каде што руските сили ги потиснуваат украинските единици од териториите заземени во август минатата година, посочуваат агенциите.

Според Сирски, украинските војници спроведуваат одбранбени и офанзивни операции во обид да задржат тампон зона на територијата на регионот Курск.

„Нашите војници продолжуваат да вршат дефанзивни операции за да го спречат непријателот да навлезе длабоко во украинската територија“, напиша тој на Фејсбук. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан