„Амнести интернешнел“ ја повика Сирија да ги истражи масовните убиства на алавитите
- Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика денеска сириските власти да побараат одговорност за убиства на алавитите, сириско малцинство, во март и да ги истражат нападите како „воени злосторства“.

Лондон, 3 април 2025 (МИА) - Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика денеска сириските власти да побараат одговорност за убиства на алавитите, сириско малцинство, во март и да ги истражат нападите како „воени злосторства“.
„Сириската влада треба да гарантира дека одговорните за бранот убиства насочени кон цивили од алавитската заедница во крајбрежните области ќе бидат повикани на одговорност“, се вели во соопштението.
Организацијата повика овие убиства да бидат „истражени како воени злосторства“.
На почетокот на минатиот месец, крајбрежните области во западна Сирија станаа сцена на најтешките масакри откако коалицијата предводена од радикалните исламисти ја презеде власта во земјата во декември, забележуваат агенциите.
Според Сириската опсерваторија за човекови права, биле убиени над 1.700 цивили, од кои огромен дел биле Алавити, сириско малцинство од кое потекнува и соборениот претседател Башар Асад. рп/
Фото: МИА архива