• петок, 22 ноември 2024

Синот на Бајден бара одложување на судењето, кое треба да започне во јуни

Синот на Бајден бара одложување на судењето, кое треба да започне во јуни

Лос Анџелес, 22 мај 2024 (МИА) - Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, денеска ќе побараат од судијата да го одложи за септември почетокот на судењето, што треба да започне на 20 јуни, по обвиненија за затајување повеќе од 1,4 милиони долари даноци.

На Бајден помладиот треба да му се суди во Делавер на 3 јуни, под обвинение дека лажел на барање за купување огнено оружје во 2018 година. 

Адвокатите на Хантер Бајден велат дека не можат адекватно да се подготват за двете судења во исто време и побараа одложување, но и отфрлање на обвиненијата. Панелот од тројца судии на Деветтиот окружен апелационен суд на САД го отфрли предлогот на одбраната минатата недела.

Во обвинението се наведува дека Хантер Бајден не платил повеќе од 1,4 милиони долари данок во текот на четири години додека живеел „екстравагантен начин на живот“ и наводно се борел со зависност од дрога.

Во случајот Делавер, обвинителите тврдат дека Бајден лажел за неговата употреба на дрога во октомври 2018 година на формулар за купување огнено оружје. Тој признал дека во тој период имал зависност од крек и кокаин, но неговите адвокати рекле дека не го прекршил законот.

Долготрајната федерална истрага за синот на претседателот изгледаше дека ќе заврши со договор за признавање вина минатата година, но тоа не се случи. Според договорот, тој ќе добие две години затвор, условно доколку се изјасни за виновен за обвиненијата за затајување данок. Тој, исто така, ќе избегне гонење за обвинението за оружје во тој случај. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан