• петок, 15 ноември 2024

Симпозиум во Охрид по повод десет години активизам за ретките болести во земјава

Симпозиум во Охрид по повод десет години активизам за ретките болести во земјава

Охрид, 9 октомври 2024 (МИА) – Десетте години активизам посветен на ретките болести во Македонија, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ ќе ги одбележи со симпозиум со меѓународно учество што од 12 овој месец ќе се одржува во Охрид.

Според организаторите, собирот има за цел преку низа предавања и постер-презентации од врвни експерти да се посочи на дијагностичките предизвици, новините во дијагностиката, како и иновативните третмани на ретките заболувања.

Нудејќи практични совети и алгоритми, овој симпозиум ќе им помогне на клиничарите во точно дијагностицирање на ретките болести преку запознавање со деталите при евалуација на таквите пациенти, велат од Здружението за ретки болести. аб/

Фото: плакат

 

Остани поврзан