Симеоне: Треба да продолжиме со истото темпо и на реваншот против Реал
- Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се осврна на поразот од Реал Мадрид (1:2) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Мадрид, 5 март 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне се осврна на поразот од Реал Мадрид (1:2) во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
-Заминувам со чувство дека добро се боревме. Можевме да направиме уште подобар резултат. Требаше подобро да реагираме во однос на примените голови. Реваншот треба да го продолжиме во исто темпо. Ќе биде тешко, сложено и ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи. Следува важен натпревар.
Најдоброто нешто на натпреварот беше нашата реакција на рано примен гол. Тимот беше фокусиран да игра токму онака како што сакавме. Го завршивме првото полувреме со чувство дека ни оди добро, изјави Симеоне по синоќешниот натпревар.
Реваншот ќе се одигра на 12 март, на стадионот „Метрополитано“. зс/
Фото: ЕПА