Симеоне сака да се пресели од Наполи во Торино
- Фудбалерот на Наполи, Џовани Симеоне, сака да го смени тимот ова лето, објави „Естадио Депортиво“.

Буенос Аирес, 5 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Наполи, Џовани Симеоне, сака да го смени тимот ова лето, објави „Естадио Депортиво“.
Дваесет и деветгодишниот Аргентинец сака поголема минутажа на натпреварите, па затоа сака да се пресели во Торино.
Главниот тренер на тимот од Торино, Марко Барони, веќе го убедил играчот да оди во неговиот клуб.
Во сезоната 2024/25, Симеоне одигра 33 натпревари, постигнувајќи два гола и две асистенции.
Претходно, синот на главниот тренер на Атлетико, Диего Симеоне, играше за Џенова, Фиорентина, Каљари и Верона. зс/
Фото: ЕПА