Симеоне: Барселона е најдобриот тим во Ла Лига
- Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за Барселона пред полуфиналето на шпанскиот куп.
![Симеоне: Барселона е најдобриот тим во Ла Лига](https://mia.mk/images/20250215094447_big_730x400_4.webp )
Мадрид, 15 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за Барселона пред полуфиналето на шпанскиот куп.
-Барса е најдобриот и најкреативниот тим во Ла Лига. Тие се брилијантни во нападот и нивниот настап оваа сезона зборува сам за себе, изјави Симеоне, цитиран од „Кадена Сер“.
Во натпреварот од Купот на Шпанија на 25 февруари ќе се сретнат Атлетико и Барселона.
Во Ла Лига, тимот на Симеоне е на второто место во поредокот со 49 бодови. Каталонците се на третото место со 48 бодови. Лидер е Реал Мадрид. дс
Фото: Архива