• недела, 22 декември 2024

Силниот ветер создаде проблеми во бродскиот сообраќај во Грција

Силниот ветер создаде проблеми во бродскиот сообраќај во Грција
Атина, 7 септември 2021 (МИА) – Поради силниот ветер со јачина од осум и девет степени според Бофорова скала во повеќе делови во Егејското Море, голем дел од бродовите во Грција од утрово остануваат закотвени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од трите атински пристаништа во прекин е бродскиот сообраќај речиси кон сите острови, со исклучок на оние кои се во непосредна близина. Порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, објави дека во текот на вчерашниот ден, силен ветер бил регистриран во различни делови на Грција, кој достигнал од 70 до 97 километри на час, а најсилен бил на островот Тинос. ср/гт/

Остани поврзан