• понеделник, 23 декември 2024

Силен земјотрес регистриран на Тонга

Силен земјотрес регистриран на Тонга

Берлин, 29 јули 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи на територијата на островската држава Тонга, соопшти германскиот центар за геонаучни истражувања.

Во соопштението се наведува дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, пренесуваат британските медиуми.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета.

Тонга е независна островска држава лоцирана во западниот дел на Полинезија, во Океанија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан