• четврток, 26 март 2026

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Силен земјотрес регистриран на Тајван

Тајпеј, 11 јуни 2025 (МИА) – Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југоисточниот дел на Тајван.

Земјотресот е регистриран во округот Тајтунг, на длабочина од 31,1 километар.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан