Силен земјотрес регистриран во Чиле
- Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Чиле
Сантијаго, 8 ноември 2024 (МИА) – Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во јужниот дел на Чиле.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри и на 608 километри јужно од Пуерто Монте.
Сè уште нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива