Силен земјотрес регистриран во близина на јапонскиот остров Хокаидо
- Земјотресот бил на длабочина од 20 километри со епицентар во близина на источниот брег на Хокаидо
Токио, 31 мај 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на северниот јапонски остров Хокаидо.
Земјотресот бил на длабочина од 20 километри со епицентар во близина на источниот брег на Хокаидо.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива