• недела, 22 декември 2024

Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан

Силен земјотрес почуствуван во Кабул и северен Пакистан

Кабул, 21 март 2023 (МИА)  - Авганистан вечерва беше погоден од силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, пренесе EMSC.

Земјотресот е регистриран во областа Хиндукуш, на длабочина од 186 километри, а освен во Авганистан, почувствуван е и во неколку околни земји.

Граѓаните на Пакистан, Киргистан, Туркменистан, Узбекистан и Индија известуваат дека го почувствувале земјотресот.

Британските медиуми пренесуваат дека очевидци наведуваат дека тлото во авганистанската престолнина Кабул и делови од северен Пакистан силно се треселе.

Големи делови од Јужна Азија се сеизмички активни бидејќи тектонската плоча позната како Индиска плоча се турка на север во Евроазиската плоча. сд/

Остани поврзан