• четврток, 26 март 2026

Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Силен земјотрес во близина на Нов Зеланд

Велингтон, 29 април 2025 (МИА) - Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран попладнево во близина на Нов Зеланд, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Геолошкиот институт на САД.

Нема извештаи за повредени или причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под океанското дно, 300 километри југозападно од Инверкаргил, кој е и најјужниот и најзападниот град во Нов Зеланд.

Нов Зеланд се наоѓа на таканаречениот Тихоокеански огнен прстен, кој е најсеизмичкиот регион на Земјата. Земјотресите и вулканските ерупции таму се чести. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан