• петок, 05 јули 2024

Силвестри: Италија ги поддржува Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ

Силвестри: Италија ги поддржува Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ
Штип, 13 мај 2022 (МИА) - Италија ја поддржува Македонија за влез во Европската унија. Тоа е нашиот став и ги поддржуваме и Македонија и Албанија во Европската унија. Нема друга алтернатива, порача Амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ и на Општина Штип. Амбасадорот Силвестри денеска оставри средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Коцева-Кузмановска. На средбата се разговораше за соработка и воведување италијански јазик во основните и средни училишта. Кузмановска истакна дека на Катедрата за италијански јазик има 30 студенти, а годинава ќе имаат и дополнителна мотивација за студенти кои ќе се запишат, односно Универзитетот доделува десет стипендии за најдобрите бруцоши. -Амбасадорот е овде да ја поттикне идејата за воведување на италијанскиот јазик во нашите основни и средни училишта, како изборен предмет и со тоа ќе даде придонесе за обучување на напи идни студенти, односно на тој начин ќе го промовира италијанскиот јазик и со негово изучување ќе придонесе да се стекнеме со нови потенцијални кандидати на Катедрата за италијански јазик и книжевност, вели Кузмановска. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека како општина ја прифаќаат идејата од страна на амбасадорот на Италија. вдј/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан