• четврток, 26 март 2026

Силва стави вето на законот за драстично намалување на казната на Болсонаро

Силва стави вето на законот за драстично намалување на казната на Болсонаро

Бразилија, 8 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва стави вето на законот за намалување на затворската казна на неговиот претходник, Жаир Болсонаро.

Болсонаро минатата година беше осуден на 27 години затвор за обид за државен удар. Законот усвоен од Парламентот предвидуваше неговата казна да се намали на две години затвор.

Болсонаро беше осуден за настаните од 8 јануари 2023 година, кога илјадници негови поддржувачи ги нападнаа и вандализираа главните центри на моќ во главниот град на Бразил, само неколку дена откако Лула да Силва ја презеде функцијата. За нападот беа уапсени околу 2.000 луѓе.

Болсонаро почна да ја отслужува казната во ноември. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан