• недела, 22 декември 2024

Си-Ен-Ен: Израел има подготвен план да одговори на напад од Иран

Си-Ен-Ен: Израел има подготвен план да одговори на напад од Иран

Атланта/Тел Авив, 16 октомври 2024 (МИА) - Израел има подготвен план да одговори на нападот што Иран го изврши врз земјата на 1 октомври, јавува денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информиран извор.

Си-Ен-Ен побарал коментар од израелското Министерство за одбрана, но оттаму не дале дополнителни детали во врска со планот.

Израелските власти, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху, ги уверуваат САД дека нападот врз Иран ќе биде ограничен само на воени цели, а не на нафтени или нуклеарни постројки, наведува неименуваниот извор.

Си-Ен-Ен потсетува дека Иран на 1 октомври лансираше приближно 200 ракети во правец на Израел како одмазда за убиството на лидерот на либанската група Хезболах, Хасан Насрала, политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија и другите лидери, а Нетанјаху вети дека Иран ќе „плати“ за нападот. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан