• четврток, 19 декември 2024

СЗО: Укинувањето на финансиите од САД ќе им наштети на најзагрозените

СЗО: Укинувањето на финансиите од САД ќе им наштети на најзагрозените
Женева, 20 мај 2020 (МИА) – Директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации Мајкл Рајан, денеска предупреди дека секое позначајно укинување на американското финансирање за СЗО ќе има големи последици врз давањето основни здравствени услуги на најзагрозените во светот. Рајан со ова одговори на новинарско прашање да го прокоментира писмото кое претседателот на САД Доналд Трамп го испрати до генералниот директор на СЗО, заканувајќи се дека САД, најголемиот донатор на агенцијата, ќе го прекине нејзиното финансирање доколку не се реформира. Рајан рече дека американските средства кои стигнуваат до програмата за итни случаи на СЗО изнесуваат 100 милиони долари годишно и оти поголемиот дел од тие пари се дава за „хуманитарни здравствени операции низ светот“. Тој рече дека е загрижен поради евентуално прекинување на финансирањето. - Ние очигледно ќе мора да соработуваме со други партнери за да обезбедиме проток на тие средства, рече Рајан, додавајќи дека СЗО верува оти други донатори, доколку е неопходно, „ќе ја пополнат таа празнина“. јт/

Остани поврзан